„Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме; а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното. Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детинското. Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш – лице во лице; сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат. А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.“
Св. Апостол Павле, Прво послание до Коринтјаните (13, 9-13)