Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,
Доколку се обѕрнеме во нашето историско раздобје, ќе воочиме огромни подеми и падови, како на црковен, така и на национален план. Впрочем, македонскиот народ, со Божја помош и поткрепа, успевал и сè уште успева достоинствено да ги извојува сите битки и да им одолее на сите непријателски настроенија, исполнети со лукави намери и со зли цели; и, притоа, со крената глава да продолжи по патот кон Бога – кон Изворот на добрините и на правдата.
Та, кој ќе се осмели да нè оспори како македонски народ и како македонска држава!? Со кое право некои сè уште се обидуваат да ни ги одрекуваат историјата и традицијата, јазикот и верата, кога сета македонска почва е напоена со просветителските дејанија на македонските црковно-просветни дејци, со истрајноста на сите наши родобранители, со крвта на недобројните наши маченици и со благоверието на мноштвото исповедници и поборници за зачувување на православието на ова свето македонско тло!? Но, како што не потклекнаа нашите прадедовци, така и ние – како нивни потомци и како доследни пазители на аманетот доверен од нив – да не дозволиме отстапки пред оние што постојано посегнуваат по нашето најсвето; пред оние што гледаат да го зграбат она што со векови макотрпно е градено и кое е сочувано до денешни дни. Наша должност и обврска треба да ни биде да им се спротивставуваме на сите оние што на секаков начин се трудат да ни го одземат она за кое се дадени многу жртви и кои се желни да ни ги приграбат: и историјата, и земјата, и културата, и јазикот и сè што е наше – македонско.
Затоа, што е можно побрзо, да се освестиме и да се обединиме како народ, и молитвено да притекнеме кон Бога и кон закрилникот на нашата најсвета автокефална Охридска и Македонска црква – кон светиот Климент Охридски, та, по примерот на нашите предци, да се избориме со сите неприлики со кои катадневно се соочуваме. Но сето ова ќе го постигнеме само ако си ги зацврстиме единството, слогата и сплотеноста, односно само ако трајно ги надминеме внатрешните разногласија и меѓусебните поделби и несогласувања.
ЈАС ОСВЕН ХРИСТА НИШТО НЕМАМ – НОВА КНИГА ЗА НОВАТА СВЕТИТЕЛКА НА МПЦ, ПРЕПОДОБНАТА СТЕФАНИДА
Во пресрет на канонизацијата на новата македонска светителка, преподобната маченичка Стефанида Битолско-Скадарска, во издание на Сестринството на Слепченскиот Манастир Св....
Прочитај повеќе