Ова е една од оценките на исходот на синоќешната завршна дебата пред гласањето во вториот круг претседателски избори во Франција кој треба да се одржи в недела.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/kratkokover.jpg)
Според анкетите, Макрон бил убедливо подобар во дебатата и успеал да го зголеми својот рејтинг на 59%, но и Ле Пен била далеку посамоуверена и со многу поиздржани аргументи, споредено со дебатата во 2017 кога дала впечаток на несигурност и незнаење.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/kratko1-1.jpg)
Очекувано, нападите за нејзините наводно „проруски“ ставови, евроскептицизмот и неразбирањето на економијата беа главните адути за напад на Макрон, поради што аналитичарите велат дека тој на моменти изгледал претерано самоуверен и арогантен, наспроти што Ле Пен делувала исплашено и несигурно.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/kratko2-2.jpg)