САД, Обединетото Кралство и Австралија заеднички ќе работат на развивање на ново модерно суперсонично и електронско оружје.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/jasno-3.jpg)
По успешното тестирање на новите технологии, со какви што веќе располагаат Русија и Кина, кон крајот на минатата година, трите земји од англиско говорно подрачје го најавија фокусот на новиот глобален безбедносен пакт А-УК-УС, со кој се очекува безбедносното тежиште да го рашират од трансатлантско на транспацифичко или со еден збор – глобално.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/jasno-2.jpg)
Новата невидлива трка во електронско, телекомуникациско и суперсонично вооружување, се разгори откако Русија во март, употреби дел од таквото свое вооружување во Украина.