По потврдата од Врховниот суд на САД, дека документот кој истече во јавноста, а според кој ќе биде укината пресудата во случајот „Рој против Вејд“ од 1973 година со која абортусот беше озаконет, во Америка почна бран негодувања од левичарите и либералите, но и нервоза во највисоките редови на Демократите.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno1-4.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден, за кого враќањето на незаконскиот статус на абортусот е флагрантно кршење на правата загарантирани со Уставот, рече дека нема да ги изневери своите гласачи кои го поддржале токму поради неговото залагање за абортусот.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno-3-1.jpg)
Бајден најави алтернативни фондови за т.н. „вонредна контрацепција“ која ја пропагира како правна замена за абортусот и со која се очекува да го амортизира незадоволството.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno3-7.jpg)
На одлуката на Врховниот Суд која допрва треба да биде официјализирана ѝ претходеа бран поединечно законски решенија потпишани од гувернерите на неколку сојузни држави во САД во кои мнозинство имаат Републиканците.