Американскиот претседател Џо Бајден зборувајќи за мерките против инфлација наспроти воениот буџет на САД , го нарече рускиот претседател Владимир Путин „диктатор кој извршува геноцид“.
Аналитичарите велат дека враќањето на употребата на зборот „геноцид“ во речникот на Вашингтон, кое претходно беше напуштено во име на мировните преговори, навестува исклучување на можноста за било какви разговори со Путин во иднина.
На почетокот на воената интервенција во Украина зборот „геноцид“ беше избегнуван и заменет со обвинувања за „воени злосторства“ кон Владимир Путин. Се смета дека враќањето на „геноцидот“ во дипломстскиот речник на САД е драстично заострување на реториката, со оглед на тоа што воените злосторства може да се извршени во поединечен или осамен специфичен случај, но геноцид се однесува на планирана, смислена операција насочена кон цел еден нaрод.