Барањето на енормно големиот износ за војната во Украина предизвика зачуденост и дебата меѓу обичните Американците, но и критичката политичка јавност и аналитичарите.

Додека приврзаниците на Бајден во барањето на толкава сума гледаат решителност на претседателот побрзо да ја заврши војната во корист на Украина, аналитичарите стравуваат дека сумата е сигнал дека Украина ја очекува долго, тешко и продолжено војување.

Дел од јавноста сугерира буџетот од 33 милијарди да не биде насочен кон поддршка на војна, туку кон организирани, максимални напори за постигнување на мир.