„Не.“
– Џо Бајден, американски претседател запрашан дали Русија треба да биде прогласена за држава спонзор на тероризмот во рангот на Иран, Ирак, Сирија, Авганистан… во минатото.
Неочекувано променетиот став на Бајден за Русија е спротивен на иницијативата на двајца сенатори, републиканецот Линдзи Грахам и демократот Ричард Блументал, кои пред два месеца поднесоа таква резолуција во Конгресот за која тврдеа дека имаат едногласна поддршка.
Грахам и Блументал лобираа и за зголемување на воената помош за Украина, залагајќи се на земјата да и биде донирано оружје со висок домет, за кое амeрикански воени експерти предупредуваа дека Украина може, наместо за одбрана, без знаење на сојузниците да го употреби за офанзивни цели.