Англиската кралица Елизабета Втора во јуни официјално ќе го прослави својот платинест јубилеј на тронот, со кој таа станува монарх кој најдолго владеел во историјата.

Всушност 70 годишнината од нејзиното крунисување беше во февруари, но за јуни се предвидени главните церемонии според протоколот.

Вниманието на британската јавност го привлече делот од соопштението со кој се известува дека на традиционалното мавкање од балконот на Бакингамската Палата, нема да бидат присутни принцот Ендрју и принцот Хари.

Синот на Елизабета, Ендрју, по тужбата во САД за сексуална злоупотреба и негова поврзаност со Џефри Епштајн, отстапи од сите кралски функции и титули, дури и веќе не му се обраќаат со Ваше Височество.

Додека внукот Хари, едниот од синовите на принцот Чарлс, самиот се откажа од дел од должностите и титулите кога самоволно реши да се пресели во Лос Анџелес со жена му Меган Маркл и двете деца, синот Арчи и ќерката Лилбет (крстена според името на баба му Елизабета).
