Вчера во просториите на Бизнис академија Смилевски-Битола беше промовиран ИПА проектот: Stimulating Green Employment: Across Border Educational and Technological Innovation Hot-Spots (G.E.M.S)- Стимулирање на зелени вработувања: Клучни точки за прекугранични образовни и технолошки иновации (Г.Е.М.С), кој е од големо значење за заштитата на животната средина и трасирање на транзицијата кон зелена енергија и економија за пограничниот регион.
Проектот го реализираат: Бизнис академија Смилевски и Регионалната стопанска комора со седиште во Битола од Република Македонија и Универзитетот од Кожани со Центарот за истражување и технологија СЕРТ од Република Грција.
Со користење на иновативни, образовни и консултантски активности се реализира главната цел на проектот: Системско подобрување на односот на локалното население кон природата, запознавање и имплементација на целите на одржливиот развој дефинирани од Обединетите нации во 2015 година и да се развие човечкиот капитал во прекуграничниот регион за најсовремени енергетски решенија.
Во рамки на проектот ќе се гради: регионална стратегија за транзиција кон зелена економија на пелагонскиот плански регион, десет компаниски стратегии на релевантни компании, 15 апликации за ИПАРД, ФИТР и зелени економии, 10 Бизнис планови за старт ап компании, 10 акциони планирања, систематизации во кои се вклучени зелени работни места, соларна фотоволтаична централа, електрични велосипеди со полначки точки низ градот Битола и многу други активности кои се предвидени со проектот за заштита на животната средина во овој прекуграничен регион.
Поддршка за проектот и неговото значење искажаа: д-р Христина Оџаклиеска- заменик министер за животна средина и просторно планирање, Владимир Жоглев од Министерство за локална самоуправа, Борче Јолески- претседател на Советот на пелагонискиот плански регион и Градоначалник на Прилеп, Александрос Видурис (Alexandros Vidouris)- генерален конзул на Грција, м-р Мирко Веловски-претседател на регионалната стопнакса комора со седиште во Битола, проф. д-р Тони Соклевски- проектен менаџер од БАС, м-р Никола Димковски-проектен координатор од регионалната комора со седиште во Битола, Анастасиос Тсиблинас (Anastasios Tsiblinas)- партнерот од Грција CERTH ( ЦЕРТ)- Центар за истражување и технологии, м-р Михајло Донев- оперативен директор за развој, иновации и знаење од Стопанска комора на Македонија, проф. д-р Маја Кузмановска-директор на БАС и проф. д-р Цветко Смилевски- претставник од основачите на БАС.