Состојки:
- 1 пакување лиснато тесто (2 табли)
- 1 л. млеко
- 3 пудинга од ванила
- 12 лажици шеќер
- 250 г. маргарин
- 1 пакување замрзнати вишни или компот од тегла
- 500 мл. слатка павлака
Подготовка:
- Таблите со тестото се растегнуваат правоаголно и по должина се сечат на по 5 ленти секоја или вкупно 10.
- На лентите се нанесуваат вишните и се замотуваат во 10 мали ролати.
- Ролатите се печат на пекарска хартија, на температура од 200°С, половина час или додека благо не поруменат.
- Во меѓувреме сварете ги трите пудинзи во 1 литар млеко со 12 лажици шеќер.
- Мешајте го готовиот пудинг и при ладењето за да не фати кора.
- Изладениот пудинг се додава во разматен маргарин и заедно се матат додека не се изедначи смесата.
Редете ги печените лиснати ролати со вишна степенасто на горе: првиот ред со четири ролати, па слој крем, па три ролати, па крем, па два, крем и на крај еден.
Целата пирамида добро обликувајте ја со крем. На крај покријте ја со бел слој разматена слатка павлака или хопла.
Украсете го со чоколадни трошки, мелени ореви, кокос или било што друго по ваша желба.
На здравје