ЈКП Водовод Битола соопшти дека поради промена на затворач и хидрант на ден 13.04.2022 (среда), на ул.”Петар Петровиќ Његош” (улицата на Ѕвончарите) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на ул. “Булевар 1Мај” на потегот од зградата на “ЗОИЛ” до ул. “Никола Тесла” и потегот од ул. “Никола Тесла” до крајот на ул. “Петар Петровиќ Његош”. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Исто така поради градежните активности од страна на “СТЕНТОН ГРАДБА” – Битола граѓаните на општина Битола на десната страна од горниот дел на ул. “Солунска” односно од крстосницата со ул. “Oрде Чопела” до крстосницата со ул. “Тошо Даскало”, наредните денови ќе следи прекин на водоснабдувањето на објектите во тој дел поради замена на водоводната мрежа.