Со исклучителна игра претставникот на Македонската кугларска федерација Архан Арслановски успеа да се пласира во финалето на Светскиот куп во Естонија кое го заврши на осмото место.

Македонската репрезентативка Стефанија Алексовска која исто како и Арслановски доаѓа од кугларскиот клуб Пелистер од Битола, во женска конкуренција натпреварувањето го заврши на 12 позиција.

Патувањето на македонските репрезентативци во Естонија беше до крај неизвесно и под отежнати околности, поради блокираната сметка на кугларската федерација на Македонија.

Но благодарение на тренерот Игор Михајловски и поддршката од приватниот сектор Македонија и Битола годинава за среќа испратија достојни претставници какви што се Архан и Стафанија кои се сметаат за таленти кои во моментот се најголем потенцијал во Македонија чие време во кугларството допрва доаѓа.