Илјадници христијани и годинава радосно го пречекаа слегувањето на Благодатниот Оган во Ерусалим, традиционален чудесен настан кој се смета за сведоштво за присутноста на Божјата Благодат меѓу луѓето.

Годинава церемонијата помина со ограничен број присутни верници, и строги правила за ред и контрола наметнати од израелските власти, што предизвика негодување кај верниците и црковните великодостојници.

Образложението на израелските власти е дека сакаат да спречат појава на стампедо и можни несакани последици, како што се случувале на слични верски настани претходно поврзани со евреите или муслиманите, во кои поради метеж имало повредени, па дури и жртви.
Се очекува Благодатниот Оган вечерва да пристигне и во Македонија.