Во преполнетата концертна сала на некогашниот Офицерски дом (денес КИЦ) во Битола, се одржа Божикен концерт на кој настапија:
Детскиот хор „Свети Стилијан“ од Битола
хорот „Свети Ахил Преспански“ од Ресен и
Машкиот хор „Свети Нектариј Битолски“
Хоровите беа поздравени со аплаузи од бројната одушевена публика, меѓу кои имаше и високи црковни и општински великодостојници, предводени од митрополитот г. Петар и битолскиот градоначалник Тони Коњановски.