Популарната игра од франшизата Call of Duty ќе се појави и на мобилните уреди, но се уште не е познато кога.
Одлични вести за фановите на Call of Duty доаѓаат од Activision. Компанијата објави дека нивната популарна игра CoD: Warzone пристигнува и на мобилни уреди.
Најавата за оваа верзија на играта од Activision не откри премногу детали, но нагласија дека играта ја развиваат директно за мобилни уреди. Во соопштението се наведува и дека CoD: Warzone „ќе ги забавува гејмерите во наредните години“, што значи дека тие постојано ќе го развиваат и менуваат, како што е случајот со верзијата на играта за компјутери и конзоли.