Во вторникот на 5 јули 175 метри под земја на границата меѓу Франција и Швајцарија научниците на Европскиот Совет за Нуклеарни Истражувања (ЦЕРН) ја почнаа новата фаза од истражувањето на Хигсоновиот Бозон или т.н. “божја честичка” во Хадронскиот судирач на субатомски честички при што се ослободува огромна енергија.
Експериментите со судирање на субатомски честички во Хадронскиот Колидер започнаа во 2010, а вниманието на пошироката јавност кон ЦЕРН го привлече авторот на „Кодот на ДаВинчи“ Ден Браун во неговата книга Ангели и Демони пред повеќе од 20 години.
Оттогаш ЦЕРН, која попатно е и научната институција која го измисли и првпат го примени Интернетот, е во фокусот на интерес на различни теории на заговор, кои, иако Колидерот е граден од 1998 до 2008, неколку пати во изминатите години (2010,2016,2018) предвидуваа апокалиптични сценарија поврзани со ослободување демони, отворање на вратата на пеколот, создавање црни дупки кои можат да ја проголтаат целата материја од планетата, создавање анти т.е. специфична материја која може незабележано да ја зарази целата позната материја во светот итн.
Научниците велат дека важноста на следната фаза од експериментот која почна на 5 јули е навистина огромна и дел од параноичните теории се оправдани, бидејќи никој не знае каде може да нѐ одведат експерименти од ваков епохален обем кои се изведуваат за првпат и сите ризици се отворени.
На социјалните мрежи веќе се појавија предупредувачки пораки од различни духовни водачи, дека фреквенцијата на планетата од 5 јули ќе биде променета, и дека е голема можноста ЦЕРН да отвори портал кон друг паралелен свет, преку кој непознати ентитети (читај-демони) масовно ќе продрат на земјата.
Некои одат дотаму што советуваат деновите околу 5 јули да не се пие алкохол (спирит), бидејќи во поднапиена состојба луѓето се поподложни на демонски влијанија и целосно отворени за вселување на ентитетите во нив.
Како и да е, на 5 јули во ЦЕРН започна новата фаза од експериментот кој се смета за многу важен за иднината на човештвото, со сите можни ризици од непознатото, вклучувајќи ги црните дупки и анти или специфичната материја.
Instagram will load in the frontend.
Хигсоновиот Бозон се нарекува „божја честичка” токму поради целта на експериментот – преку неа да се открие тајната на создавањето на Универзумот и целиот поредок во него.