На Велики Четврток со Света Божествена Литургија во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, архиереите на МОЦ ОА, го завршија чинот на четвртото Мироварение во Македонската Црква од обновувањето на нејзината автокефалност.
Првото миро по возобновувањето на автокефалноста, МПЦ го добила во 1967 година од тогашниот претстојател на Романската Православна Црква, Патријархот Јустинијан.
МПЦ ОА последен пат вареше свето миро во времето на архиепископот г.г. Михаил во 1996 година.
Алавастрите со новото миро беа поставени на Светиот Престол, каде по завршувањето на канонот на Евхаристијата, светото миро осветено во 1996 година, беше долиено во новото миро, со што се покажува непрекинатото дејство на Божјата благодат во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.