- 200 грама црвена леќа
- 3 моркови
- 1 кромид
- 1 ловоров лист
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лажичка брашно
- 1 гранче магдонос
- 2 чешниња лук
Ставете го во еден сад зеленчукот да се свари.
Откако ќе се свари го пасираме.
Во друг сад ја ставаме леќата да зоврие. Штом почне да врие леќата го додаваме пасираниот зеленчук. После се додава ловоров лист па зачините сол, црвен пипер и црн бибер. Чекаме убаво да проврие.
Пред крај земаме чаша и разматуваме една средно полна лажица брашно со вода па ја истураме во чорбата.
Оставаме на оган уште кратко и можете да сервирате за јадете
На здравје