Еден вработен во хемиската фабрика во Кочевје и петмина членови на екипа за електричен ремонт која пристигнала од Љублљана е трагичниот исход од експлозијата и пожарот во компанијата за производство на меламински смоли во Кочевје во југоисточна Словенија.

Од компанијата соопштија причината за експлозијата веројатно е човечка грешка.
Властите во Кочевје го повлекоа предупредувањето до граѓаните да не излегуваат од дома поради стравот од можна загаденост на воздухот со хемикалии поради густиот црн чад кој се издигал над фабриката.

Фабриката Меламин од Кочевје има 200 вработени.