Познато е дека главно здравите работи не се претерано вкусни, па затоа ги јадеме со сила, но тоа не е случај со вкусните цреши.
Според истражувањата, црешите се многу корисни за нашето здравје. Не само што можат да не освежат, туку можат да ни бидат и најдобар сојузник во борбата против разни болести. Според многу експерти, црешите се „лек од природата“.
1. Го чуваат срцето
Црешите се богат извор на цинк, железо, калиум, манган и бакар. Калиумот има корисен ефект врз здравјето на срцето и е важна компонента на клетките и телесните течности кои го регулираат отчукувањата на срцето и крвниот притисок.
2. Цреши како превенција при воспаленија
Благодарение на неговото силно антиинфламаторно дејство, црешите генерално се најдобри сојузници против болки во зглобовите. Богат со антиоксиданси (полифеноли, витамини Ц и Е, бета каротен), ова овошје ја спречува оксидацијата на клетките кои ги придружуваат воспалителните процеси, па затоа се препорачува за луѓе кои боледуваат од артритис или имаат спортски повреди. Според експертите, 20 цреши дневно имаат посилно дејство од една таблета аспирин.
3. Црешите го поттикнуваат варењето
Црешите со своите заштитни киселини и овошен шеќер ја поттикнуваат работата на желудникот, цревата и панкреасот, а со тоа го поттикнуваат варењето. Освен тоа, црешите ја исфрлаат водата од телото и на тој начин го олеснуваат срцето и крвотокот и ги активираат црниот дроб и бубрезите. Антибактериските супстанци во црешите го спречуваат создавањето на дентален плак и можат да спречат кариес и проблеми со непцата како што е периодонтитисот. Црешите ги чистат бубрезите и уринарниот тракт, бидејќи е одличен диуретик кој го забрзува излачувањето на урината. Покрај тоа, бактериолошките материи во црешите го спречуваат создавањето на дентален плак и на тој начин може да го спречат развојот на кариес и проблеми со непцата.
4.Црешите и ракот
Во слатките цреши ќе најдете и антиоксиданси како лутеин и бета каротен. Овие соединенија делуваат како чистачи на слободните радикали и други штетни соединенија кои играат важна улога во стареењето, развојот на ракот и разни болести. Црешите позитивно влијаат и на концентрацијата, рамнотежата и координацијата на движењата. Во исто време го намалуваат крвниот притисок, а диеталните влакна кои ги содржат го намалуваат ризикот од развој на рак на дебелото црево.
5. Црешите, брчките и стареењето
Црешите се препорачуваат за луѓе кои страдаат од астма и алергии, но и за сите кои сакаат да имаат убава кожа бидејќи црешите го стимулираат производството на колаген. Ова овошје, всушност, содржи антоцијанидини кои го зајакнуваат сврзното ткиво и го спречуваат создавањето на брчки со уништување на штетните ензими кои ја прават кожата стара и збрчкана. Црешата е и природен лек против целулитот бидејќи може да го спречи неговото формирање.
6. Подобро расположение и лесен сон
Црешите содржат и антиоксиданс мелатонин, кој го смирува нервниот систем и на тој начин помага против неврози, несоница и главоболки. Мелатонин, всушност, помага да го одржите вашиот биоритам уреден и точен. Исто така, научниците од Универзитетот во Луизијана открија како природниот сок од цреша влијае на сонот. Нивното истражување покажало дека испитаниците спиеле во просек 85 минути подолго откако испиле по две чаши од овој сок секој ден во текот на две недели.
7. Слабеење
Црешите имаат многу малку масти и се нискокалорични – во 100 грама има само 63 калории, а тие се одлична храна доколку сте на диета. Поради високата содржина на вода и ниските калории, црешите помагаат при слабеење. Благодарение на влакната и пектинот, овие плодови придонесуваат за чувството на ситост. Како и повеќето овошја, црешите имаат многу калиум и малку натриум, што помага да се елиминира водата од телото. Истражувачите од Универзитетот во Мичиген тврдат дека антоцијаните од темните цреши можат да го намалат количеството на масни наслаги на стомакот и да го намалат нивото на холестерол и шеќер во крвта.