Во црквата на Воскресението во Ерусалим, ден денес стои оштетениот мермерен столб, низ кој помина Благодатниот Оган во далечната 1579 година и речиси го расцепи на половина.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/kazi5.jpg)
Благодатниот Оган првпат се појави во 335 година на Велика Сабота и оттогаш традиционално се појавува само по молитвите на православниот патријарх, што се смета за потврда на исправноста во чувањето на вистинитоста на христијанската вера од православните.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/kazi.jpg2_.jpg)
Во 1579 година се случи една необична случка, кога Ерменците кои биле многу влијателни кај тогашните османлиски власти кои управувале со Ерусалим, се обиделе да го истиснат православниот патријарх, и тие да ја преземат церемонијата на молитва за повикување на Благодатниот Оган.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/kazi11.jpg2_.jpg)
Православниот патријарх Софрониј Петти бил отстранет и избркан пред храмот, од каде во солзи и со подигнати свеќи и самиот се молел за слегување на Огнот.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/kazi2.jpg)
Одеднаш настанал подземен татнеж и задувал силен ветер и од небото како од гром слегол пламен кој го расцепил масивниот столб и ги запалил свеќите во рацете на патријархот Софрониј. Ерменците, останувајќи без Благодатта, посрамени ја напуштиле црквата пред која остана да сведочи расцепениот столб.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/kazi4.jpg)
Многумина присутни муслимани кои го видоа чудото, тогаш преминаа во христијанство, поради што некои од нив пострадаа и како маченици од османлиските власти. Ден денес, во манастирската црква посветена на Св. Марија Магдалина се чуваат врзопите со свеќите на патријархот Софрониј.