Компанијата Мета која управува со Фејсбук и Инстаграм разгледува можност од мај да воведе сопствена виртуелна криптовалута, наречена ЦукБакс според името на сопственикот Марк Цукенберг. Всушност не се работи за класични крипто-пари туку за интерни вредносни ваучери- поени, кои како in-app токени би биле целосно контролирани од компанијата, слично на токените од апликациите за игри.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/bidnan12.jpg)
Се разгледува и опцијата за користење на токените како можност за наградување на корисниците на ФБ и Инстаграм, за популарност или активност.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/bidnina3.jpg)
Токените за почеток би имале одредена номинална вредност, но би се користеле исклучиво внатре во апликациите, како награда за бесплатно рекламирање, пристап до виртуелни поволности, игри, награди, но и за купување на ограничен избор на производи од компанијата како опција која ќе се тестира во експерименталната фаза.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/bidnina-4.jpg)