Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, со 75 години традиција и искуство во едукација и оспособување на кадри во здравствената струка, како и многу постигнати успеси во различни области од воспитно – образовниот процес, годинава повторно ги отвора вратите за нови 254 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА- 70 поени :
– медицинска сестра (68 ученици во 2 паралелки со 4 годишно траење)
– фармацевтски техничар (50 ученици во 2 паралелки со 4 годишно траење)
*Соработка со ЕУРОФАРМ (дуални паралелки)
– физиотерапевтски техничар (34 ученици во 1 паралелка со 4 годишно траење)
– гинеколошко акушерска сестра (34 ученици во 1 паралелка со 4 годишно траење)
– забен техничар (34 ученици во 1 паралелка со 4 годишно траење)
ЛИЧНИ УСЛУГИ – 60 поени :
– техничар за очна оптика (34 ученици во 1 паралелка со 4 годишно траење)
Пријавувањето и запишувањето на ученици ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни:
Првото пријавување на учениците е на 20 јуни до 24.00 часот и 21 јуни до 15.00 часот, а ранг листата на запишаните ученици се објавува на 22 јуни најдоцна до 09.00 часот на интернет страницата на Министерството за образование и наука (www.mon.gov.mk).
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 22 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 23 јуни од 07.00 до 19.00 часот согласно изготвениот редослед од страна на училиштето.
Конечната ранг листа за секое училиште со резултати од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето или на Министерството за образование и наука (www.mon.gov.mk).
Второто пријавување на учениците е на 27 јуни до 24.00 часот и 28 јуни до 15.00 часот, а ранг листата на запишаните ученици се објавува на 29 јуни најдоцна до 09.00 часот на интернет страницата на Министерството за образование и наука (www.mon.gov.mk).
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 29 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 30 јуни од 07.00 до 19.00 часот согласно изготвениот редослед од страна на училиштето.
Конечната ранг листа за секое училиште со резултати од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето или на Министерството за образование и наука (www.mon.gov.mk).
По објавувањето на ранг листата, учениците кои се на листата ја доставуваат документацијата:
– пријава за запишување (ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на нивната официјална веб – страница)
– оргинални свидетелства (од VI од IX одделение)
– дипломи (доколку детето има освоени 1, 2 или 3 место од меѓународни и државни натпревари по мајчин јазик, странски јазик и други наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје)
– извод од матична книга на родени (без оглед на датумот на издавањето)
Пријавуањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношкколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.
Повеќе информации за работата на училиштето и условите со кои располага, може да ги погледнете на нивната официјална фејзбук страна ОСМУ “Д-р Јован Калаузи“ – Битола.