Маск, кој неодамна „сериозно размислуваше“ да основа своја компанија за социјални медиуми, сега поседува 9,2 отсто од акциите во Твитер.
Акциите на Твитер пораснаа во понеделникот откако милијардерот Маск откри пасивен удел во компанијата и по неговите критики за нивните правила за објавување содржината на таа платформа.
Документите доставени до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) покажуваат дека Маск сега поседува 9,2 отсто од акциите на Twitter , од 14 март.