Здравите оброци кои ги купуваме или подготвуваме дома (пр. банана, овес, гранола, боровинки, итн.) не се баш здрави како што замислуваме
Тоа е така бидејќи не се избалансирани најважните нутриенти – протеини, јаглехидрати и масти. Овие оброци најчесто содржат многу шеќер (или скроб – но тој се претвора во обичен шеќер со текот на варењето на храната) а малку протеини или масти. Иако ни се чини дека сме изеле здрав и балансиран оброк, воопшто не е така. Треба да внимаваме што внесуваме во организмот бидејќи со една “здрава” порција, а нив посебно ги јадеме за доручек, може да внесеме половина од јаглехидратите кои ни се потребни за цел ден! Не заборавајте дека секое парче храна содржи јаглехидрати.
Пример да земеме еден обичен ручек – леб, компир-манџа и зелка салата. Во едно парче сечен бел леб има 53г јаглехидрати. Да речеме јадете две – тоа се 106г. А сте изеле само леб, внимавајте. Потоа, во манџата (зависи колку ќе јадете) да речеме, 10-20г. Во салатата отприлика исто. Внесуваме протеини и масти, да, но колку јаглехидрати внесовме? И од тие, колку се обичен шеќер? Уште еднаш да го изедете истото – тоа се преку 150-200г јаглехидрати за само два оброка. Значи, гледате, не мора да јадете чоколадо секој ден за да внесувате премногу шеќер. Имам забележано дека многу луѓе мислат дека ако не јадат “благо” секој ден се ќе е во ред и потоа не им е јасно зошто им е покачен шеќерот во крвта.
Секој организам е различен. Секој треба да одреди колку јаглехидрати му се потребни, тоа е поврзано со годините, тежината и активноста во текот на денот. На спортист ќе му бидат потребни многу повеќе јаглехидрати отколку на човек кој не се занимава со спорт и работата му е на компјутер. Се препорачува 45%-65% од вкупнoто внесување на калории да бидат јаглехидрати. Тоа е околу 3-5г на килограм. Јаглехидратите ни даваат енергија, така што тие ни се неопходни за правилно да ни функционира телото.
Не плашете се ни од мастите! Многу луѓе ги одбегнуваат заради тоа што им е страв да не дојде до дебелеење. Не. Прекумерното внесување на масти е тоа што доведува до дебелеење. 1-1,5г по килограм е сосем доволно. Мастите се глицериди и можат да бидат заситени или незаситени.
Значи – да се вратиме на здравите оброци – не треба да се одбегнуваат, но не треба ни да ги јадеме секој ден. Најлесно ни е да посегнемe по “здрава порција” во продавница и да се убедиме дека постапуваме правилно со тоа што, ете нели, се храниме здраво. Не мора да бидеме опседнати со броењето на калории или шеќери, но сепак треба да внимаваме бидејќи многу лесно може да се претера.
За крај, еве еден рецепт за здрава порција за доручек што можете да го подготвувате секој ден:
- 100г овесни снегулки
- Една (или половина) чаша јогурт
- Два-три ореви
- Половина банана
- Една лажица путер од кикиритки
- Една лажица мед