„Она што беше бран на глад сега е цунами од глад“
Извршниот директор на Светската програма за храна на Обединетите Нации го предупредува Советот за безбедност дека бројот на луѓето на кои им недостига храна е многу поголем после пандемијата од 2020.
Покрај пандемијата со Ковид 19 причините за зголемувањето на оваа криза Дејвид Бисли гледа и во растечките конфликти, економските последици од пандемијата, климатските промени, зголемените цени на горивото и војната во Украина, со што се зголемиле трошоците за храна, гориво и ѓубрива што доведоа 70 милиони луѓе поблиску до глад.