На 9 Април богатата наследничка Никола Пелц (27) и синот на Дејвид и Викторија, Бруклин Бекам (23) ќе се венчаат на скапа локација, со ограничена листа одбрани посетители.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/vik-5.jpg)
Подготовките се проследени со многу контроверзи и пикантерии: – Кумот на Бруклин Бекам, Елтон Џон откажал присуство поради зафатеност, па кумови ќе му бидат помладите браќа, додека улогата на девер/старосват ќе ја има еден од браќата на невестата.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/viktor.jpg)
– На гостите во поканите ќе им се укаже дека внесувањето мобилни телефони е забрането
– Невестата нема да носи фустан од модната линија на свекрвата Викторија
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/vik3.jpg)
Иако добила неколку предлози за невестински фустан, снаата изгледа сепак се одлучила за венчаница од Валентино, но за атер на свекрвата, подоцна вечерта во не толку формалниот дел, ќе облече фустан креиран од Викторија.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/vik-4.jpg)
– Зетот Бруклин кој е помлад од невестата и тукушто наполни 23 години вели дека, да не беше Ковидот, тие веќе ќе беа во брак цели 2 години
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/vik-6.jpg)