Битолската полиција на 26. 09.2022 година го уапсила лицето В.М.(26) од Битола при претрес во неговиот дом каде биле пронајдени и одземени 14 пакувања хероин, повеќе различни видови таблетки и други предмети со остатоци од непозната материја и пари во различни апоени.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.