„Музиката е жива, таа има свој пулс, свое време и свои пораки. Секогаш го следам текот на музиката, иако многу често и самиот не знам каде ќе ме одведе … секој настап е авантура“
– Дино Имери
Културен и информативен центар Битола ве поканува на свечениот пијано концерт на маестро Дино Имери, на 9 мај, понеделник, во 20:00 часот, во Палатата на културата – Офицерски.
Влезниците за свечениот концерт на маестро Дино Имери може да се купат на билетарата на Културен и Информативен центар – Битола, во Офицерски дом, секој работен ден од 08.00 – 16.00 часот, и Сабота од 09.00 – 15.00 часот.
Цената на влезницата изнесува 500.00 денари.