Сојузната американска држава Флорида ги укина даночните поволности кон компанијата Дизни поради либералните ставови на компанијата кон ЛЏБТ прашањата, со 70 наспроти 38 гласови во државниот Сенат.
Всушност „војната“ со републиканското мнозинство и гувернер на Флорида ја започна Дизни, со критиките на новиот закон со кој се забранува било каква дискусија за родови или сексуални определби пред деца помали од 9 години. На забраната, која особено важи за наставата во училиштата, реагираа либералните здруженија, демократите, но и неколку големи и влијателни компании меѓу кои и Дизни, како еден од најголемите работодавачи во Флорида.
Се смета дека гувернерот Рон ДеСантис сега возврати, преку барањето државата да ги преиспита даночните привилегии кои ги имаат неколку повластени компании. Дизни е една од нив, со најголема површина во која е сместен забавен парк, филмско студио, телевизија, кабелски и интернет оператор итн.
Според стар Закон од 1967 година, компаниите распространети на големи површини земјиште се овластени сами да си организираат притивпожарни и комунални служби, за возврат за што ќе бидат ослободени од давачкiте кон државата. Сенатот сега го укина законот, со што Дизни е една од компаниите која ги губи најголемите државни привилегии.
Засега, нема официјална реакција од Дизни, освен предупредувањата за време на процедурата, дека компанијата ќе има помалку можности да помага во државата и заедницата како досега.