По повод, 5 Декември – Меѓународниот ден на волонтерите, Советот за волонтерство на општина Битола, ја додели наградата за волонтерски ангажман во локалната заедница.

Целта на доделувањето на оваа награда е да се поттикне и промовира волонтерството во Битола, да се зголеми видливоста на волонтерите и позитивните волонтерски практики и да инспирира понатамошно унапредување и развој на волонтерството на локално ниво.

Наградата е од големо значење за признавање на граѓанскиот ангажман во подобрување на животот во локалната заедница.
Добитници на наградата оваа година се:
- Ферзије Асановска,
- Валентина Соколовска,
- Марија Бошковска,
наградени како волонтери за 2022 година, потоа Здружението за заштита од повеќе аспекти-ВИКТОРИ од Битола, наградено како организатор за волонтерска работа за 2022 година и Наташа Дарков – волонтерски координатор за 2022 година.
