Овој природен препарат се подготвува лесно и брзо. Одличен е за болки во грлото, бронхитис, продуктивна и непродуктивна кашлица, како и за целосна состојба на имунитет. Кај бронхитис може да се користи и како прелив кој се задржува на градите половина час.

Состојки:
- ловоров лист (100 гр.)
- коприва (100 гр.)
- мед

Подготовка и дозирање:
Проценете ја количината на мед по потреба.
Доколку препаратот го користите само орално, за оваа количина ловор и коприва се доволни 200 гр мед. Ако сакате да го користите и за облоги, зголемете ја количината.
Ловоровиот лист и копривата исечкајте ги или издробете ги, соединете ги и додајте ги во медот. Чувајте во стаклена тегла. Земajте по една лажица наутро и навечер, пред јадење.
