Германскиот канцелар Олаф Шолц самиот ги коментираше забелешките од некои европски партнери, но и од дел од германската јавност и партнерите во неговата влада, дека не покажува доволно лидерство во реакциите на руската воена инвазија во Германија.
По одлуката на 26 април, Германија да обезбеди противавионски оклопни возила „Гепард“ воена помош за Украина, Шолц се охрабри самиот јавно да проговори зошто се чини дека Германија, иако е гласна во охрабрувањето на другите, самата е воздржана и контроверзна и во воведувањето санкции кон Русија и во користењето руски гас и во обезбедувањето хуманитарна, а особено директна воена помош за Украина.
Германскиот канцелар вели дека во вакви ситуации не смее да се избрзува со нагли одлуки, кои можат да ја загрозат безбедноста на неговата земја, индиректно изразувајќи стравови од руски воен одговор кон Германија, доколку германската политика се однесува поригорозно, како што бара и дел од јавноста.
Некои земји од ЕУ и евроатлански партнери од почетокот на украинската воена криза ѝ забележуваат на Германија, дека самата не прави доволно од мерките што другите ги тера да ги преземат – не се откажува целосно од руската нафта и гас, не воведува стопроцентни блокади и санкции, не дава воена помош итн.
Се очекува сега, со доставата на тенковите Гепард, таквата „нелидерска“ перцепција на Германија како прикриено „мека“ кон Русија, да биде сменета.