Титулата ,,државен првак“ претставува највисокото признание во спортските кругови во текот на една календарска година.
Дуња Иванова, како претставник на Велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје е годинешниот државен првак со освоени три први места на Државното друмско-ридско, Државното друмско – хронометар и Државното првенство во планински велосипедизам, а во организација и како дел од годишниот календар на Велосипедската федерација на Македонија.
Дуња Иванова е концертна пијанистка, наставничка, докторка на науки за естетика и државен првак во сите велосипедски дисциплини во кои се натпреварувала последниве три сезони.
Иванова магистрирала на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано, а магистрирала и докторирала на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.