На 25.11.2022 г. на УКЛО, успешно заврши изборот на претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание.
Душан Стевановски, редовен студент во трета година на Економскиот факултет со тајно гласање избран е за лидер на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со мандат од една година.

Претходно, функцијата студентски лидер на УКЛО во еден мандат ја извршуваше Симона Наумовска од Ветеринарниот факултет.
Чест и задоволство ми е да го претседавам нашето прекрасно Универзитетско студентско собрание УКЛО- Битола во подобрување на стандардот на студентите и штитење на нивните интереси. Со одлична соработка во секое поле, како и со студентите, така и со управата на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола ние очекуваме прекрасна и продуктивна година. Благодарам на довербата
– напиша Стефановски на својот ФБ профил.