Филмот „Joker: Folie à Deux“ ја имаше својата премиера на 81-от филмски фестивал во Венеција и доби 11-минутен аплауз, пишува „Варајети“ (Variety).
Хоакин Феникс пред премиерата направи селфи со обожавателите на црвениот тепих, а пристигнувањето на Лејди Гага беше пропратено со скандирања.
Очекувањата за продолжението на „Џокер“ се многу големи. Првиот филм заработи повеќе од милијарда долари и 11 номинации за Оскар, а „Joker: Folie à Deux“ е потенцијален кандидат за сите главни награди. Хоакин Феникс го игра Артур Флек, а Лејди Гага е Харли Квин. Режисер е Тод Филипс, според сценариото што го напиша со Скот Силвер.
Пред премиерата на филмот Филипс, Феникс и Гага одржаа прес-конференција. Директорот рече дека овој пат е понервозен. „Има многу поголеми очекувања од вториот филм. Има повеќе нервоза“, рече тој.