“Генералното собрание на ООН да се фокусира на сајбербезбедноста. Во јули Албанија стана цел на масовен сајбернапад. Намерата беше да се парализира јавниот сервис и да се украдат важни податоци. Продлабочената и долга истрага потврди дека нападот, со кој сакаше да се фрли на колена една суверена земја, го извршила Исламската Република Иран. Ги прекинавме дипломатските односи со Иран а тоа ќе го примениме кон секој кој поддржува или спонзорира такви акции.”
Еди Рама – премиер на Албанија – дел од говорот во Собранието на ООН
