Медот содржи хранлива состојка наречена триптофан, хормон кој ни помага да се опуштиме.
Понекогаш се будиме среде ноќ бидејќи на нашиот мозок му треба гликоген и ги стимулира надбубрежните жлезди да ги исфрлат адреналинот и кортизолот од телото. За среќа, медот содржи гликоген, па една лажица мед пред спиење ќе ви помогне да го избегнете адреналинот и да обезбедите добар сон.
Медот исто така содржи и антиоксиданс за кој е докажано дека го намалува крвниот притисок, па затоа една лажица мед пред спиење е лесен начин да го држите крвниот притисок под контрола.
Медот се поврзува со намалувањето на триглицеридите во организмот – ги претвора во “сојузници” кои ја чистат крвта од непотребните масти.
Медот има антибактериско дејство кое го зајакнува имунитетот, правејќи ве посилни во борбата против инфекциите предизвикани од бактерии, габи и бројни вируси.
Исто така медот го забрзува метаболизмот создавајќи термоген ефект. Тоа значи дека ја подобрува циркулацијата, што ја зголемува телесната температура, помагајќи ви да согорувате маснотии без многу проблеми.