Верниците од Православна вероисповед започнаа да се подготвуваат за најсветлиот, најголемиот, и најрадосниот празник Христово Воскресение – Велигден. Празник на кој се радува и млад и стар, и машко и женско, и богат и сиромашен.
Имено, Православните верници започнаа со постење на Великот Велигденски пост кој трае седум недели.
Светата Црква како грижлива мајка, своите чеда ги подготвува уште три седмици пред да започне Великиот пост.
Но, што е постот?
Постот претствува одрекување од мрсна храна т.е. храна од животинско потекло, како и од млечни производи, па дури и од масло. (земајќи го предвид типикот или правилото за постење во текот на постот). Но, поважен и далеку покорисен е духовниот пост кој му е помил на Бога. Тоа значи одрекување од страстите, од похотта, од лошите навики, од прејадувањето, од правењето зло, од лошите мисли и помисли, од лошите дела, покајание и исповед за направените гревови и грешки.
Како да се постигне сево ова?
Да се биде подобар човек и подобар Христијанин, па и за да се постигне се горенаведено, не е така лесно и едноставно.
За тоа е потребно редовно одење в Црква и земање учество во службите и Литургиите, како и молитва, и правење добри дела.
Верниците кои ги посетуваат службите то текот на Велигденскиот пост, сигурно забележале дека во Божјите храмови- Црквите и во Манастирите, монасите, свештениците и верниците прават длабоки поклони или метании.
Веројатно тоа предизвикало некаква збунетост кај верниците. Но, има обајснување и за тоа.
Што претставуваат метаниите?
Бог е Бог на живите и се грижи за луѓето.
Се што се случува во Црквата има своја смисла и своја симболика.
Слушајќи ги службите, верникот треба да се кае пред Бога.
Тоа покајание треба да произлегува од душата на верникот.
А потврда за тоа е самата метанија односно самиот поклон.
Метанијата е физичко поклонување пред Бога кое соодветствува со духовното.
Тоа треба да се извршува во смиреност и трпеливост.
Метанијата е одраз и почит кон Бога, кон Мајката Божја, кон Светителите, кон Небесните бестелесни сили.
Тие се доказ за тоа дека човекот греши, но ако искрено се покае Бог ќе го помилува.
Но, и дека покајанието носи до чистина на душата и поклон кон Севишниот Бог.
Човекот секогаш греши, па секогаш треба и да прави метании или длабоки поклони.
Метаниите (длабоките т.е долгите) не се прават единствено во сабота и недела, по првата недела пред Велигден и Духовден т.е. Педесетница, како и од Божик до Богојавление (Водици) и на сите Богородични и Господови празници.
Тогаш се прават кратки или мали метании (до половината).
Лесни и Богоугодни пости!