Откако одби да биде член на Управниот одбор на Твитер, од неодамна најголемиот акционер во компанијата не престана со критики на социјалната мрежа, за сега да понуди дури 43 милијарди долари за да ја откупи компанијата во целост.
Аналитичарите велат дека и покрај тоа што не го сфаќале сериозно, Маск е на добар пат да го стави Бордот на Твитер пред свршен чин, па не нема друг избор освен да му ја продаде целата компанија.
Откако пред некое време стана акционер, најжестокиот критичар на слободата на говор на Твитер, не застана од секојдневно објавување идеи и предлози за реформи на компанијата: – од целосно укинување на рекламирањето, од кое сега е главниот приход на Твитер, до пренамена на луксузните канцеларии на компанијата во Сан Франциско во Центар за згрижување бездомници.
Нарекувајќи се себе си апсолутист во слободата на говор, Елон Маск купувањето на компанијата го прикажува како нејзино конечно ослободување.
Маск со 81 милион следбеници на Твитер се смета за еден од највлијателните на мрежата, во конкуренција на Леди Гага и Аријана Гранде.