Лидија и нејзиниот брат се зачнати пред три децении, а се родиле минатиот месец. Нивниот татко Филип имал само 5 години кога биле создадени.
Брачна двојка од Америка добила близнаци кои биле замрзнати 30 години како ембриони.
Американскиот пар Рејчел и Филип Риџвеј на 31 октомври добија близнаци кои 30 години биле замрзнати како ембриони.
Брачната двојка има уште четири деца на возраст од осум, шест, три и две години и ниту едно од нив не е зачнато преку асистирана репродукција или донирани јајце клетки.
Ембрионите биле замрзнати на 22 април 1992 година и биле чувани речиси три децении во магацин со течен азот. Анонимен пар ги донирал во Националниот Центар за донирање ембриони во Ноксвил во 2007 година.
Близнаците Лидија и Тимоти Риџвеј се најдолго замрзнати ембриони додека претходно рекордот го држеше Моли Гибсон родена во 2020 година од ембрион кој бил замрзнат пред речиси 27 години.