Ли Јунг-Џеј од “Игра на октоподите” стана првата азиска ѕвезда што ја добила Еми наградата за најдобар машки актер во драма.
Јужнокорејската хорор серија ја прикажува денешната, многу реална нееднаквост помеѓу богатството и сиромаштијата во Јужна Кореја. Критичарите велат дека серијата изобилува со застрашувачки и испревртени ситуации, кои ја воодушевуваат публиката. Деновиве социјалните мрежи се преплавени со содржини од серијата.
Оваа година за избор на најдобар машки актер во драма за Еми наградите гласале повеќе од 25.000 членови на Американската телевизиска академија. Во овогодинешните награди влегуваат најдобрите ТВ-серии кои премиерно се емитувале помеѓу 1 јуни 2021 и 31 мај 2022 година.