Македонија ги игра последните два натпревари од групната фаза на Лигата на Нации. Против Грузија, Македонија ќе игра утре во 18 часот додека натпреварот со Бугарија е закажан за во понеделник во Скопје од 20 и 45 часот.
Македонија на табелата моментално се наоѓа на второто место, додека Грузија е лидер а Бугарија и Гибралтар се зад се на последните места.
Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиовски во изјава рече:
“Овој дрес е мотивација сам за себе. Овде сме дојдени одново да го покажеме нашиот квалитет и ќе се обидеме да победиме”
Mакедонскиот селектор Благоја Милевски ниту повеќе ниту помалку исто така даде мотивирачка изјава:
“Ако мислевме дека не можеме да победиме тука, не би ни дошле.
Секогаш е важен тимот. Тој победува, а не поединци”.