“Филмот е најубавата измама на светот”

“За да снимиш филм ти треба само една девојка и еден пиштол”

“Приказната треба да има почеток, средина и крај, ама не мора по тој редослед”

“Фотографијата е вистина. Филмот е вистина 24 пати во една секунда”

“Да се биде или не. Па тоа воопшто и не е прашање”

“Не треба да имате чувства за филмот. Чувства може да имате за некоја девојка. Филмот не можете да го бакнете”
“Секоја монтажа е една лага”
Жан Лик Годар – француско – швајцарски филмски режисер и сценарист. Пионер на т.н. француски Нов Бран, највлијателен повоен француски режисер кој направи револуција во модерната кинематографија
Годар почина во Швајцарија на 91 годишна возраст