Во услови кога границата за стапување во брак се повеќе се зголемува, кога сѐ повеќе млади постојано го одлагаат формирањето семејство, додека стапката на наталитетот во државата опаѓа, наспроти постојаното одлевање на нашите луѓе надвор, во потрага по пристојно вреднување и животен стандард, склучувањето нови бракови и очекувањето принови, од нешто вообичаено и нормално, станува ретка тема која заслужува да се најде во вести.
Откако веќе неколку дена, сите можни медиуми бомбардираа со вести за бременоста и најавениот брак на младата пејачка Антонија Гиговска, во статии зачинети со сите „сочни” и „пикантни” обележја на трач рубрики од жолт печат, викендов уште двајца македонски пејачи објавија скоро стапување во брак, едниот по вторпат, а другиот за прв (и му посакуваме – единствен) пат во животот.
Социјалните мрежи денес се најдобриот начин за соопштување на ваквите приватни вести од животот на јавните личности, па така, пејачот Даниел Кајмаковски најави дека по вторпат ќе стапи во брак со неговата нова, засега непозната, избраничка. Со поранешната сопруга Кристина ги има синот Давид кој живее со мајката.
Битолчанецот Виктор Апостоловски за својата романтична понуда на брак на неговата девојка Милена го одбра Стамбол, на Босфорот, со сите нишани и клекнување на колена.
Ако за јавните личности, особено од естрадата, велиме дека се пример за младите, да се надеваме ова „повлекување нога” од нашите пејачи, ќе поттикне на брак и многумина нивни обожаватели кои уште се колебаат.
Со среќа нека им е !
Да се ќердосаат и да не чекаме долго време кога ќе јавуваме за крштевки !