Европската комисија денес поднесе тужба пред Европскиот Суд на правдата, поради наводи дека Унгарија прекршила редица директиви на Европската Унија поврзани со ЛГБТ правата.

Всушност проблематичен е Законот кој поддржан од големо мнозинство и од јавноста во Унгарија стапи на сила точно пред една година, а кој како што велат властите во Будимпешта, нема никаква врска со ускратување на ЛГБТ или правата на било која друга заедница, туку со заштита на децата од пропаганди поврзани со сексуалната определба пред да станат полнолетни.

Тврдејќи дека со законот се бори против педофилијата, Унгарија веќе една година ги игнорира забелешките од Европската комисија, поради што комисијата се реши да повлече правен чекор.