Европската Унија треба да донесе пакет мерки за оптимално менаџирање со потребите од природен гас и негова рационална употреба, кој се очекува да биде само предложена рамка за справување со очекуваната криза. Секоја земја членка на ЕУ и натаму го задржува правото, согласно своите специфики на економијата да воведе свои национални планови, за рационално трошење и штедење на природниот гас.
Мерките се разгледуваат откако Русија најави дека ќе го скуси дотурот на природен гас кон Европа. Аналитичарите стравуваат дека продолженото гранатирање во подрачјето на Одеса, може да го доведе во прашање и извозот на украинско жито преку Црното Море, на што Русија претходно се согласи, што може да предизвика и светски недостиг на житарици.