Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата во Суперкупот на Македонија, откако ја добија драмата против лутиот ривал Вардар 1961 со 22-23 (12-12).
Пресметката која се одигра во салата „Билјанини извори“ во Охрид понуди многу пресврти, промени во водството и атрактивен ракомет, а на крајот славеа „зелено-белите“.