Земјите од ЕУ кои граничат со Русија и Белорусија од петокот го забранија влезот на камиони регистрирани во двете земји, кои превезуваат одредена стока.
Возилата што се користат за меѓународен транспорт со руски и белоруски регистарски таблички нема да можат да превезуваат стока на територијата на ЕУ, соопшти руската царинска служба, пренесува Ројтерс.
Според достапните информации, ограничувањата сè уште не важат за патниот товарен транспорт што испорачува фармацевтски, медицински, прехранбени и земјоделски производи, вклучително пченица, енергија, обоени метали и ѓубрива, соопшти царинската служба.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/jasno-7.jpg)
Транзитот од Русија до руската енклава Калининград се уште е отворен за возила регистрирани во Русија.
ЕУ официјално усвои нови санкции кон Русија во петокот, вклучително и забрана за увоз на јаглен, дрво, хемикалии и други производи, исто така спречувајќи многу руски бродови и камиони да влезат во европскиот блок.